Пејачката Снежана Ѓуришиќ подолго време ужива во емотивна врска со својот партнер Вања Милошевиќ.
Таа сега открила со што тој ја освои и како изгледало неговото удварање.
“Со својата непосредност, со свој начин на удварање кое е крајно џентламенски, машки и пристојно… Со својот изглед, и со внимание. Потоа се роди љубов и сега веќе нема проблем. Му благодарам на Бога што трае“, открила Снежана и додала:
“Во ниеден момент не беше напорен или безобразен, нити во нешто и претеруваше. Таквиот начин и пораките, тоа е вонвременско… Мислам дека тоа е нешто најубаво, ова денес нечини, ова модерно удварање…“, смета Снежана.

Ѓуришиќ не крие колку е среќна што и се случила голема љубов во зрели години.
“Кај младите проблем е недостаток на комуникација и зато јас сум превилегирана што во овие години доживеав некој така шмекерски и џентламенски да ми се удвара и повторно да ми се случи љубов, што воопшто не е честа појава“, рекла пејачката.
