7.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

РАЗОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ ДРУШТВА – Еве кои се Масоните, кои Илуминатите..

Некои организации, реални или измислени, ги обвинуваат дека сакаат да ја воспостават својата апсолутна моќ и мистериозниот нов светски поредок

Теориите на заговор постоеле од памтивек, но благодарение на Интернетот, се чини дека денес, особено во овие кризни денови, тие се сè поприсутни и распространети.

На многумина им се чини дека е полесно е да речат дека политичари кои ја водат планетата, од една или друга причина, навистина не се прашуваат ништо, туку дека тие се само марионети зад некој многу помоќен, некои злобни владетели од сенки. Некои тврдат дека тие се масони, други покажуваат со прст кон Илуминатите, трети кон темпларите или нацистите, најимагинативната теорија е дека рептилите стојат зад сè … А велта на сите, се чини, по кратка анализа е приближно иста – воспоставување апслутна власт и мистериозен нов светски поредок.

– Факт е дека ние сме опкружени со заговори секој ден, низ целиот свет и во секој дел од нашите животи. Секогаш кога неколку крадци крадат нешто, тоа е заговор. Некои добро познати и озлогласени организации како што се мафијата, Кју Клукс Клан и ЦИА се заговорници по дефиниција за многумина. Сепак, фактот дека илјадници заговори постојат и се добро документирани, се разбира, не значи дека сите теории на заговор се вистинити. Некои се апсурдни, некои се смешни, па дури и физички невозможни – пишува Мајкл Њутн во книгата „Енциклопедија на заговори и теорија на заговор“.

Ви ги претставуваме тајните друштва кои најчесто се споменуваат.

МАСОНИТЕ СЕ НАЈОЗОГЛАСЕНИ

Ритуалите, целите и работата на една организација што постои со векови се толку мистериозни што инспирирале безброј теории на заговор.

Кога се споменуваат тајните друштва, нема човек што не помислува веднаш на масоните. Мистериозните масони се главна тема и на оние кои веруваат во теории на заговор и на оние кои ги отфрлаат. И со причина – масоните не го кријат своето постоење.

Основање на братството

Масоните се меѓународно братство кое официјално е основано во Англија во 1717 година. Самите масони, како и нивните критичари, тврдат дека организацијата е постара. Некои ги наоѓаат корените во 14 век, други ги поврзуваат со витезите Темплари, додека други одат многу подалеку во минатото.

– Тешко е да се следи историјата на масоните, главно затоа што секој што пишувал бил  пристрасен. Некои ги критикуваат, а други ги бранат. Ѕидарскиот еснаф, врз основа на кој е формирано општеството, постоел во средниот век. Сепак, масоните ја прифаќаат идејата дека Хирам, архитект на Соломоновиот храм, бил масон кој бил убиен затоа што не сакал да ги открие тајните на братството – пишува Дана Лучијано во книгата „Теории на заговор во американската историја“.

Додека промасонските публицисти се сеќаваат на прогонот што го претрпе оваа организација, анти-масонските тврдат дека тие стојат зад многу прогони на други групи и организации, како и зад американските, француските и октомвриските револуции, но и сите големи војни.

Напад од Ватикан

Најраната теорија на заговор на масоните доаѓала од Римокатоличката црква, која тврдела дека редот сака да ги поткопа црквата и христијанското учење. И од тогаш, приказната за влијанието на масоните не стивнува.

ИЛУМИНАТИ

Сакаат да ги укинат нациите и религиите. Некои тврдат дека оваа група ги контролира сите настани во светот, додека други веруваат дека нивната цел е да го стават целиот свет под нивна контрола.

Едно од најчесто споменуваните, а истовремено и најмистериозните тајни друштва се Илуминатите. Ова име, што на латински значи просветлени, се користи за неколку реални и изимислени групи.

Официјално, првите од нив се баварските илуминати од просветителството. На 1 мај 1776 година, д-р Адам Вајшаупт, поранешен језуит и професор по црковно право, го основал Орденот на илуминатите во рамките на германската масонска ложа.

Работа и забрана

– Илуминатите биле тајно друштво во рамките на тајно друштво – напиша публицистот Роберт Антон Вилсон, најпознат истражувач на тоа тајно друштво. – Баварската влада ја забранила нивната работа во 1785 година, наводно поради заговор за соборување на сите кралеви на Европа и папата. Сите се согласуваат кога станува збор за тоа, сè друго во врска со нив е многу контроверзно.

– Се зборувало дека илуминатите биле тие што ги повлекле конците на крајот на 18 век и ги започнале американските и француските револуции, да работат на преземање контрола над светот, дека тие се идеолошки креатори на комунизмот, обожаватели на ѓаволот … Неекои ги поврзуваат со  витезите Темплари, со грчките и гностичките секти, античките Египќани, но и со Атлантида. Едно може да се каже со сигурност – идејата на Вајшаупт да бидат тајно друштво успеа, бидејќи нема двајца истражувачи кои целосно се согласуваат кога станува збор за организацијата или целта на тој ред – напиша Вилсон.

Нов светски поредок

Според теоретичарите, целта на новиот светски поредок е да се воспостави глобална држава контролирана од Илуминатите и ослободена од држави, нации и религии. Во тој поглед, нејасно е – зошто Илуминатите би сакале да го контролираат светот ако, како што тврдат теоретичарите, го контролираат со векови.

НАЈЧУДНО ТВРДЕЊЕ – Рептили од друга планета

Поранешениот голман и спортски коментатор Дејвид Ајк промовираше една од најневеројатните теории за Илуминатите. Во својата книга „Најголемата тајна“, објавена во 1998 година, тој излезе со тврдење дека Илуминатите се всушност членови на раса рептили, кои пристигнале на Земјата од некоја далечна планета. Секако, како што објасни Ајк, тие можат да ја променат формата и претежно не ни се кријат, но се најпознати политичари, спортисти, пејачи, актери … Меѓу рептилите на Илуминатите тој ги спомна кралицата Елизабета, Хенри Кисинџер, Џорџ В. Буш, Бил и Хилари Клинтон …

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести