4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ БОЛЕДУВА ОД РАК – се лекува и верува во успех

Најстариот син на принцезата Дајана, 38-годишниот принц Вилијам, изгледаше уморно и бледо во последно време, наводно, како резултат на злобна болест на која му беше дијагностицирана неодамна откако беше тестиран на COVID-19, тврди магазинот „National Enquirer“ во новото издание.

Лекарите открија дека тој страда од редок вид на рак во напредна фаза, кој расте во неговото тело веќе три години. Добро информиран анонимен извор од дворот открил дека принцот Чарлс бил уништен од веста, но за тоа молчел, заедно со кралското семејство. Тие сакаат тоа да го сокријат од јавноста исто како што со месеци успеаја да ја сокријат веста дека принцот Вилијам се заразил со инфекција на коронавирус уште во април.

Веста дека уште еден член на кралската круна страда од редок вид на рак, кој тешко ќе се лекува, бидејќи не бил откриен на време, го потресе дворот, но најмногу 38-годишната сопруга на Вилијам, Кејт Мидлтон и децата, седумгодишниот принц Џорџ, шестгодишната принцеза Шарлот и двегодишното дете принцот Луис. Кејт целосно се распаднала кога слушнала, тврди изворот и не ја напуштила куќата пет дена.

Сама после тоа најде сили да се „крене на нозе“ и некако да продолжи да функционира. „Вилијам ја уверува дека ќе го победи ракот со помош на најдобрите лекари и дека не се грижи, но Кејт се плаши од најлошото и сака да го искористи секој момент со сопругот“, рекол изворот.

Свесна дека животот на нејзиниот сопруг е во опасност, Кејт започна да го убедува и охрабрува Вилијам да се смири и да ги поправи односите со Хари и Меган Маркл, додаде изворот, но нејзините обиди не успеаја да најдат плодна почва. Иако е свесен дека може да не ја преживее битката пред него, Вилијам сè уште не може да престане да му замерува на својот помлад брат за предавство на кралското семејство и бегство во САД, рече инсајдерот.

Да потсетиме, медиумите и јавноста дознаа само пред еден месец дека Вилијам прележал инфекција на коронавирусот во април, која до неодамна кралското семејство успешно ја криеше. Со оглед на тоа што принцот Чарлс и премиерот Борис Џонсон беа заразени во тоа време, кралското семејство со состојбата на Вилијам не сакаше да предизвика дополнителна паника.

Вирусот го „погоди“ прилично силно. Првично беше шокиран од ова бидејќи беше млад и фит, а во една фаза се бореше и со дишењето, што беше најголемата причина за паника во семејството. Со оглед на тоа дека тој самиот сметаше дека вирусот може да биде досаден, тој ја поддржува одлуката за рестрикции во Велика Британија, изјави тогаш извор за британски „The Sun“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести