Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека не му се лути на основачаот на партијата Бранко Црвеновски, кој го замрзна членството и повика да заседава Централниот одбор со оценка дека премиерот направил штета со интервјуто за БГНЕС. Патем, не е работата дали Заев му се лути на Црвенковски бидејќи нема за што да му биде лут, туку поентата е дека Црвенковски му се лути на Заев за неговите ставови и политики за што Зоран Заев не дад одговор.
„Таман работа ако му се лутам“, рече Заев.
„Тие се мои партиски другари кои сега не се дел од раководството. Но, јас ги почитуван и тоа е демократско право. Ние имаме избори во април за претседател во партијата. Тука може секој да излезе и да понуди свои понуди. Ако некој смета дека Заев треба да биде променет, бујрумте во април“, рече Заев.
Додека Заев повикува на демократски конгрес, Христијан Мицкоски и после неколку последователни порази не сака да даде отчет на конгрес пред делегатите што го избраа.
Мицкоски за разлика од Заев и спротивно на демократските принципи веднаш пристапи со навреди кон сите оние кои побараа вонреден конгрес.


Реакциите на Мицкоски предизвикаа и физички закани и напади на семејните домови на делегатите, таков е примерот со бившата пратеничка и делегат Весна Дамчевска Илиевска.
Последен во низата линчови кои ги предизвика Мицкоски беше нападот на социјалните мрежи на советничката од Битола Анита Ангелеска за што беа известени и странските амбасади во Македонија.
