1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

БОЛИ ГЛАВА ОД ЛУКСУЗ: Ѕирнете во домот на Анџелина Џоли (фото)

Славната холивудска актерка Анџелина Џоли откако се разведе со Бред Пит одлучи да почне целосно нов живот. Со мисла ништо да не ја потсетува на минатото, таа купи нов дом во кој живее со своите шест деца.

Станува збор за имот вреден 25 милиони долари, кој претходно бил во сопственост на Сесил Демил, еден од основачите на филмската индустрија.  Новата куќа на Џоли е изградена во 1913 година, со површина од 11 000 метри квадратни, се наоѓа во Калифорнија, кварт во „Градот на ангелите” познат по тоа што живеат многу познати личности. Соседи и се Натали Портман, Кристен Стјуарт и Кејси Афлек.

Куќата располага со шест спални соби, 10 купатила, многу соби за релаксација и нуди комплетна приватност. За децата има голема градина, базен и просторија за вежбање.

На влезот во куќата има пространо фоаје украсено со темно дрво и неутрални ѕидови, со огромни стаклени врати кои водат кон широките градини.

Во дневната соба има две долги удобни софи кои се наоѓаат до каминот, и стаклени врати кои водат до градината која има поглед на целиот Лос Анџелес.

Бањите се огромни, мермерни во бела бја а Џоли има свое кое е во стилот на холивудско кралство височевство.

Спалните соби се одликуваат со традиционален декор, во стилот на раскошноста на целата куќа, со темно дрво, отворен камин, ткаени теписи и шарени ткаенини.

Во библиотеката има полици до таванот полни со книги, кадифени удобни фотељи во црвена боја, и претставува совршено место  за релаксација но истовремено таа вели дека таму се фокусира на нејзината работа како Специјален претставник на Обединетите нации.

Во кујната има многу простор за Анџелина и нејзините 6 деца. Изработена од бело дрво со мермерни плочи, и реставриран шпорет кој претставува стилски додаток во кујната.

Просторот за вежбање е простран и со совршен поглед. Излегува директно во дворот, на базенот, каде најмногу време поминуваат децата и уживаат на Калифорниското сонце.

На имотот на Џоли има многу градини на повеќе нивоа и на една од нив е сместен и вториот базен каде Џоли најчесто го поминува времето со пријателите. Од таму има прекрасен поглед кон Тихиот Океан. Целиот имот има приватност, бидејки е обиколен со високи дрвја а тоа и беше особено важно на Џоли, да има биде целосно релаксирана во својот дом, без да ја вознемируваат соседите и новинарите.

медиа.мк

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести