2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ООН го отстрани канабисот и смолата од канабис од категоријата најопасни наркотици

Комисијата на Обединетите нации за наркотични дроги донесе одлука денеска да се отстранат канабисот и смолата од канабис што се користат за производство на хашиш од категоријата најопасни наркотици.

Одлуката на комисијата со седиште во Виена може да влијае на глобалната индустрија за медицинска марихуана.

Канабисот, сепак, ќе остане во категоријата лекови под помалку строг режим на контрола, па денешното гласање не им дозволува на членките на ООН да ја легализираат марихуаната под меѓународниот систем за контрола на наркотици.

27 членови на Комисијата гласаа за отстранување на канабис и смола од канабис од Четвртата категорија според Единствената конвенција за наркотични дроги, 25 беа против, а еден беше воздржан, наведува агенцијата на ООН.

Според таа Конвенција од 1961 година, меѓународниот договор за забрана на производство и набавка на одредени лекови, канабис и смола од канабис досега беше во категоријата четири, заедно со хероин и други опиоиди.

Со исклучување на канабис и смола од канабис од категорија 4, подгрупа од категорија 1, Комисијата постапи по препорака на Светската здравствена организација.

Комисијата на ООН, исто така, гласаше за задржување на канабис и смола од канабис во првата категорија, која вклучува, меѓу другите, кокаин, метадон, фентанил, опиум и морфиум.

Канада и Уругвај се единствените две земји што легализираа продажба и употреба на канабис за рекреативни цели, додека многу земји низ светот го декриминализираа поседувањето марихуана.

Експертите наведуваат дека отстранувањето на канабис од категоријата најопасни наркотици може да доведе до слабеење на меѓународните контроли на медицинската марихуана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести