21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Кој знае повеќе стихови од химната: комитката Рашела или пејачката Тамара ?

Синоќа на протестите организирани од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред малкумината присутни се обрати Рашела Мизрахи, која заради натпартискиот карактер на собирањето, истакна дека не говори како пратеничка или член на партијата, туку како сограѓанка, ќерка, сестра, мајка и жена.
Мизрахи си го извади потсетникот од џеб и ја прочита химната на Македонија.

За разлика од Мизрахи, пејачката Тамара при изведувањето на македонската химна се одлучи да не ја чита за да не се помисли дека не ја знае и испушти еден стих.
Јавноста тогаш ја распна, а Тодевска се обидуваше да се оправда.
– Јас бев убедена дека химната ја знам, а всушност не сум ја знаела. Јас си излегов на сцена и почнав да си пеам од срце и од душа, но ете, во еден момент работите тргнаа на друга страна. Како и да е, се надевам дека со тек на време народот ќе сфати дека била ненамерна грешка и дека навистина не знам што повеќе да направам за да докажам дека тоа не беше политички договор или продажба на мојата индивидуа – рече Тодевска.

Тодевска тогаш ги откажа сите јавни настапи и во знак на каење најави дека ќе си го истетовира стихот од химната кој го испушти. Дали Мизрахи ќе ги ограничи настапите и ќе ја тетовира целата химна ?

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести