13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

КОЛИНДА ИМА НОВА РАБОТА- Ќе глуми во серија

Бившата хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ прифатила и одигра улога на гостинка во хумористичната телевизиска серија “Дар-мар“, која се прикажува на хрватската Нова ТВ.

Колинда имала мала улога и го потврдила својот ангажман, но поради договорот со телевизиската куќа не смее да открива многу детали.

– Одлично се забавував на сетот, затоа и се согласив на улогата – кусо одговорила Китаровиќ, која неодамна ја загуби трката за втор мандат од Зоран Милановиќ.

“Дар-мар“ е теленовела чие снимање започнало летото под строги епидемиолошки мерки, а првата епизода прикажана е на 5 октомври и постигнала успех во Хрватска.

Дејствието на серијата е сместено во имагинарно хрватско место Дизмово и го следи животот на Божана, шефица на најмала полициска станица во земјата, и нејзините колеги полицајци Бранко и Жељко како и пензиониран колега Миле.

Во серијата глумат Ксенија Пајиќ, Синиша Ружиќ, Милан Штрлиќ и други.

Засега не е позната улогата која Колинда Грабар Китаровиќ ја одиграла во оваа серија, а епизодата во која таа игра би требало да биде прикажана после Нова година во јануари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести