5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

УНИКАТ: САМО 2% ОД ЛУЃЕТО ИМААТ ЗЕЛЕНИ ОЧИ

Само два проценти од луѓето во светот имаат зелени очи, повеќе од нив жени отколку мажи, а повеќето живеат во Европа.

Луѓето со зелени очи се посебни по многу нешта, а тоа го потврдија и експертите. Тие веруваат дека луѓето со оваа боја на очите се многу ранливи, верни во пријателство искрени и секогаш го исполнуваат ветувањето. Тие се харизматични и изгледаат помлади.

Зелената боја на очите се менува во зависност од расположението, времето, но и облеката што ја носат таквите луѓе. Во една анкета на Интернет, повеќе од 20 проценти од испитаниците рекле дека луѓето со зелени очи се најатрактивни, 16,9 проценти  ги претпочитаат оние со светло сини очи, 16 проценти со кафени очи, а 15,2 проценти гласале за темно сина боја.

Овие луѓе можеби се најатрактивни и најубави, но носат и одреден ризик по здравјето.

Сините и зелените очи содржат помалку пигмент кој штити од ултравиолетова светлина, така што таквите луѓе имаат поголем ризик од развој на меланом.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести