11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

СТРАШНО УБИСТВО ЗА 890 ЕВРА – Сега му се заканува ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

Самуел Одупитан (23) од Кројдон во Лондон со нож го избодел Тајлер Рој (24) за торба „Gucci“ од 800 фунти (890 евра), се соочува со доживотна казна затвор, откако судот пресуди дека е виновен.


Убиецот го следел Рој, кој излегол од трамвајот, забележајќи ја торбата, и во близина на станицата го прободел пет пати.


Злосторството се случило на 23 февруари, а Рој разговарал со девојката непосредно пред неговата смрт, кога убиецот му рекол: „Брат, брат, застани“.
Судот го прогласи Одупитана за виновен за сторено кривично дело, и ќе биде осуден на 7 декември, а една од опциите е доживотен затвор.


Минувачите го пренеле Рој во болница, но тој починал таму при интервенција на лекарите кои се обиделе да го спасат, бидејќи му биле дупнати белите дробови и аортата.
Убиениот се враќал од работа во 23 часот и работел како хотелски рецепционер.


Во 2018 година, населбата Кројдон во јужен Лондон беше една од најопасните области во градот, а особено е „позната“ по убиствата со ножеви.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести