6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Мицкоски со пропаднат српски опозициски рецепт протестира против договорот со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски или е опседнат со Србија и српската политичка сцена или заради неговото политичко неискуство некој му подметнува српски модели во неговото делување.
Која и да е од овие претпоставки, сигурно е само дека неинвентивноста на Мицкоски самиот да стори нешто, ги одвраќа граѓаните, а протестите кои ги организира се исклучително слабо посетени и без никаква енергија.
На вчерашните протести пред владата Мицкоски до партиските членови издал наредба партиските членови да го привлечат вниманието на јавноста преку врвниот перформанс , фрлање на тоалетна хартија пред владата.

Истиот перформанс и беше продаден и на српската опозиција уште во мај 2016 година. Под мотото „Паднаа маските“ опозицијата организираше протести кои беа претставени како натпартиски за заштита на Белград. Исто како и Мицкоски и тие бараа одговорност и оставки од властите давајќи им рокови. Слични беа и паролите кои се скандираа.
Фрлањето на тоалетна хартија не и помогна многу на опозицијата во Србија, но затоа некој успеал истиот модел да му го продаде на Мицкоски и тоа за протести кои се поврзани со договорот со Бугарија.

Погледнете како изгледаше српскиот перформанс во 2016 година.

ВИДЕО

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести