Она што е нормално во некои земји во 21 век, во некои се смета за револуционерно. Францускиот ланец супермаркети Карфур постави ескалатори во трговски центар во Камерун, но тие предизвикуваат 20 несреќи секој ден.
Ескалаторите не се нешто што често се гледа во Камерун, поради што луѓето во оваа земја не знаат ни да ги користат – всушност, постои страв дека луѓето не знаат како да стојат на скалите.
Ова го покажуваат и снимките на социјалните мрежи, на кои се гледа како луѓето паѓаат едни над други, може да се слушне врескање, додека некои дури не се осмелуваат да ги згазат.
Според медиумите, дури 20 несреќи се случуваат секој ден, а чуварите во трговските центри се обучени како да се справат со повредите доколку се појават.
Тие снимки покажуваат и нееднаквост на глобално ниво – нешто што се користи во секојдневниот живот во некои земји, се смета за револуционерно во Камерун.