2.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети 265 возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети  265 возила од јавните површини во Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а 240 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци и по повик од трето лице.

Од Град Скопје информираат дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 351 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.Од нив, 25 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, соопштија градските власти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести