7.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ВАЖЕШЕ ЗА НАЈУБАВАТА ЈУГОСЛОВЕНКА – ГО УЛОВИ И АЛ ПАЧИНО (фото/видео)

Дајана Бечировиќ, со години го носеше епитетот на најубавата Југословенка, ѕвездата на поранешниот „Старт“ и американскиот „Плејбој“. За неа се вели дека е жената која ја собори владата на Силвио Берлускони, која се возеше со папата Бенедикт Шеснаесетти на „Веспа“, на која Мик Џегер му веруваше повеќе од која било друга, која го доведе Ал Пачино до луднило и му се спротивстави на Кевин Костнер.

Веројатно многумина кои сега слушаат за неа сакаат да ја споредат со старлета, но зад неа стојат бројни години студии. Дипломирала на дури три факултети. Без оглед на тоа, Дајана беше во медиумите главно заради врските со славните.

Dijana Bećirović

– “Го запознав Ал Пачино кога го снимаше „Кум“ со Френсис Форд Копола. Излеговме, но тој беше напнат и секогаш беше во параноја поради папараците. Постојано живееше во страв дека ќе бидеме фатени од нив. Моја задача беше од него да направам маж а тој од мене да направи жена. Не го почувствував тоа со Пачино, се чувствуваше само неговото его.” – рече Дијана и додаде:

– Тој почна да ми дава наредби кога бевме излезени навечер, во стилот на “веднаш да тргнеме накај дома”. Јас одговорив: „Оди си ти слободно“. Го организиравме нашето дружење и во Сицилија. Му реков: „Ќе ти ја ставам кошулава“. Мислев за луда кошула. И зачудувачки, само два дена по оваа моја шега, Ал Пачино навистина заврши во психијатриска клиника, како последица на постојан стрес. Тој е прекрасен човек, но иако многумина го гледаат во издание на „Кум“ или „Скарс“, јас го доживеав како многу стегната личност. Бројни сведоци од тоа време тврдат дека групата “Bijelo Dugme” се распаднала заради неа. Во истото интервју, таа зборуваше за тоа како култниот бренд на поранешна Југославија се распадна:

– Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, пијанистот во Bijelo Dugme. Тој беше заљубен во мене, но одеднаш се појави Горан Бреговиќ. А кога Горан сака нешто, тој го добива тоа. Покрај тоа сум обвинета за падот на италијанската влада, тие ме обвинија дека за малку ќе сум ја растурела групата. И тука започна конфликтот меѓу двајцата членови на групата. А дали Горан ме „украде“ од Владо? Па, да. Го гледав Бреговиќ пред неколку години во Лос Анџелес. Тој е единствениот музичар од оваа област кој настапува во елитни американски сали. Останатите наши ѕвезди мора да се задоволат со просторите на периферијата – објасни Бечировиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести