Овен
Ако е во ред да се гледате само кога му одговара и вие сте тој што ќе ги испланирате сите ваши излети заедно и ќе се прилагодите на неговиот распоред, тогаш Овенот е одлично момче за вас.
Бик
Биковите во врска се однесуваат како да ви прават услуга трошејќи го своето време на вас и сакаат да се жалат на своите партнери пред другите.
Близнаци
Близнаците очекуваат сите околу нив да работат напорно, а работата ја наградуваат со минимални знаци на внимание што треба да бидат доста чести. Човек во овој знак никогаш нема да биде првиот кој ќе ви каже дека ве сака, а кога ќе го направите тоа, веројатно ќе ви одговори – благодарам!
Рак
Иако се знае дека Раковите се чувствителни, тие обично мислат само на своите чувства. Тие очекуваат да ги разгалите и да ги опсипувате со комплименти, а тие ретко возвраќаат со иста мерка.
