21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

СИТЕ ШТО РАБОТАТ ОД ДОМА ИМААТ ПРАВО ДА СЕ ИСКЛУЧАТ

Европратениците денеска гласаа за правото на вработените кои работат од дома да се исклучуваат од Интернет во одредени моменти.

Во резолуцијата, парламентарците наведуваат дека исклучувањето треба да биде основно право и тие сакаат Европската комисија да создаде правила што ќе им овозможат на луѓето одредено слободно време во период кога има притисок врз нив додека работат дома, објави АП.

– Пандемијата на Ковид-19 суштински го смени начинот на работа и треба да ги ажурираме нашите правила за да ја достигнеме новата реалност – рече пратеникот Алекс Агиус Салиба, кој ја водеше работата за резолуцијата.

По неколкумесечн работа од дома, многу работници страдаат од негативни несакани ефекти како изолација, замор, депресија, мускулни или очни болести.

– Притисокот да се биде секогаш на располагање расте – изјави Салиба и додаде дека работата од дома предизвика замор и доведе до неплатена прекувремена работа.

Резолуцијата, која не е обврзувачка, беше изгласана со 31 глас „за“ и шест „против“ и 18 воздржани во Комитетот за вработување на Европскиот парламент.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести