10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ИСТРАЖУВАЊЕ: НА ДУРИ 82% ОД ЖЕНИТЕ, ПАНДЕМИЈАТА ИМ ВЛИЈАЕ НЕГАТИВНО НА ЖИВОТОТ

Скоро 82 проценти од анкетираните вработени жени рекле дека паромијата на коронавирус има негативно влијание врз нивниот живот, а меѓу нив 65 проценти посочиле дека сега имаат повеќе одговорности во врска со домашните обврски, додека третина од нив велат дека се и позафатени на работа.

Ова го покажа истражувањето „Влијание на COVID-19 пандемијата врз вработените жени“ објавено од „Deloitte Global“, во кое беа испитани околу 400 вработени жени во различни индустрии ширум светот во текот на август и септември.

Како што е соопштено, оние испитаници кои навеле негативни влијанија како резултат на промените во секојдневните активности, како главни негативни последици наведуваат: влијание врз физичката состојба (40 проценти); неможност за усогласување на работните и животните обврски (40 проценти); и влијание врз менталната состојба (39 проценти).

За 75 проценти од испитаниците кои се грижат за дете или друг член на семејство дома, обврските се зголемија тројно, од 17 проценти пред пандемијата на 48 проценти за време на истражувањето.

Мнозинството жени со деца пријавиле дополнителни одговорности во врска со грижата за децата (58 проценти) и одговорностите за образование / настава дома (53 проценти).

Од друга страна, повеќе жени кои немаат обврска да се грижат за децата чувствуваат потреба секогаш да бидат достапни на работа (53 проценти) повеќе од оние кои имаат ваков вид обврски (44 проценти), што се претвора во различни видови на стрес, вклучително и жените кои немаат обврска да се грижат за други луѓе се повеќе оптоварени од оние кои имаат (58 проценти во споредба со 41 процент).

Иако огромното мнозинство од анкетираните жени гледаат можност за напредување во кариерата во текот на следната година, 60 проценти од нив се прашуваат дали воопшто го сакаат тоа кога ќе размислат што значи сето тоа.

На пример, 23 проценти од испитаниците кои сметаат дека секогаш треба да бидат достапни кога станува збор за работа, стравуваат дека на крајот ќе треба да изберат помеѓу приватни обврски и кариера, а 10 проценти од истата група сметаат дека можеби ќе треба да размислат за пауза во кариера или дури и целосно да ја напушти работата.

Во исто време, истражувањето открива кои активности може да ги спроведе компанијата за поддршка на континуираниот успех и напредок на вработените жени и идентификува неколку области во кои работодавците треба да преземат одредени мерки – од создавање на флексибилно работно опкружување до борба против микроагресијата на работното место.

  • Следната година ќе биде критична во нашите напори да се постигне родова разновидност на работното место. Компаниите мора да имаат приоритет на флексибилноста, правичноста и вклученоста за да ги поддржат жените во остварувањето на нивните амбиции во кариерата, рекоа од „Deloitte Global“

Истражувањето опфати Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Индија, Јапонија, Велика Британија и САД, а за време на периодот на истражувањето, сите испитаници беа вработени со полно работно време, на различни позиции, од извршен помошник до потпретседател.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести