Една од најпопуларните актерки на филмови за возрасни, Рели Рајд, ги поддржа протестите во САД, кои ескалираа по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд.
Оценувајќи дека полициската бруталност во САД е проблем изминатите години, актерката откри и дека нејзиниот прадедо бил следбеник на Мартин Лутер Кинг.
За да го потврди тоа, таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која се гледа нејзиниот предок со славниот борец за човекови права.
– Што треба да се случи за да се спасат животи? Џорџ Флојд и многу други како него не требаше да се настрадаат – истакнува актерката.
Според нејзините зборови, нејзиниот прадедо во 50-тите добил писмо за благодарност од Кинг.
– Ја сакам оваа слика затоа што таа го покажува единството на луѓето и кога работиме заедно, работите можат да се променат. Треба да бидеме подобри и сакам да бидам силна колку што беше мојот прадедо кој ги ризикуваше својот живот и работа за да им помогне на луѓето кога им е потребно – напиша таа.


