Јелена Карлеуша на својот Инстаграм често ги споделува објавите на нејзините обожаватели кои покажуваат дека го истетовирале нејзиниот лик, стих од некои нејзини песни, а некои се буквално опседнати со нејзиниот лик.

Имено, еден нејзин обожавател, Александар Р., ја украсил целата соба со предмети што имаат врска со Карлеуша, а најинтересно е што ја има и Јелена во природна големина, веројатно направена од картон.
Тој посакал да ја има поп ѕвездата во бел фустан во собата, кој таа го носеше на прославата на својот роденден во август 2020 година.

– Кога ќе ме прашаат дали ми се допаѓа ЈК … Добредојдовте во мојата соба – напиша Александар на Инстаграм
Инаку, како што можете да видите на неговиот профил на споменатата социјална мрежа, Александар има 24 години, а во описот на неговиот профил пишува дека е дизајнер и фризер

