Луѓето со нулта негативна крвна група (0-) имаат 12 проценти помали шанси да бидат заразени со вирусот корона отколку сите други крвни групи, покажа новата студија.
Истата студија покажува дека сите негативни крвни групи (О-, А-, Б- или АБ-) имаат помала веројатност да бидат заразени со вирусот отколку позитивните – во просек, дури 21 процент помалку да се заразат.

Покрај тоа, луѓето со нула негативна крвна група имаат 13 проценти помали шанси да развијат тешки симптоми и 19 проценти помали шанси да умрат од ефектите на вирусот.
Ова истражување е спроведено од Институтот за клинички истражувања во Торонто, а истражувањето е спроведено на 225.556 лица кои биле позитивни на вирусот корона.
– Меѓу 1.328 пациенти заразени со ковид, најголема веројатност за смрт има кај носители на крвни групи AB и B – се наведува во заклучокот од ова истражување објавено во Annals of Internal Medicine.
Овие податоци се совпаѓаат со веќе спроведената студија во Кина, спроведена на пациенти во провинцијата Хубеи, каде што научниците дошле до истиот заклучок.
Претходните студии на експерти од Универзитетот во Кил и Универзитетската клиника во Осло покажаа дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од потешка форма на болеста.
Заразено лице со крвна група А е двојно поверојатно да заврши на апарати за дишење во споредба со заразено лице со крвна група нула (0). Крвните групи Б и АБ се некаде помеѓу нив, заклучија научниците.
