6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

ТЕСТ ЗА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Да видиме колку сте снаодливи..

Внимателно прочитајте ги прашањата и обидете се да ги решите овие загатки. Точните одговори ве чекаат на крајот од текстот.

1. Мистеријата на празниот подрум

Енди е во подрум кој е покриен со многу земја и само еден прозорец кој е поставен многу високо. Во подрумот има и лопата, а Енди има 2 дена да избега од подрумот. Нема доволно време за копање тунели.

Што мислите, како успеа да избега?

2. Кој го украде прстенот?

Никол отишла во полициската станица и пријавила кражба на стариот прстен. Кога полицијата дошла кај нејзината куќа, забележала голем хаос во куќата и дека прозорецот е скршен. На тепихот се гледаат стапалки, но немаше други знаци на провала. Следниот ден полицијата ја уапсила Никол за измама.

Зошто?

3. Отровен пијалок

Марија и Ана отидоа на пијачка. Нарачаа исти пијалоци, Ана беше многу жедна и веднаш ги испи нејзините, додека Марија полека ги пиеше нејзините.

Кој пијалок бил отруен ако само Марија се разболела?

Тука ќе ги најдете точните одговори …

1. Енди со лопата направи куп земја под прозорецот и така успеа да ја достигне и да излезе надвор.

2. Веднаш штом полицијата пристигна на местото на злосторството, тие знаеја дека Никол сама го сторила тоа. Стаклото од скршениот прозорец се наоѓало од надворешната страна на куќата, што значи дека било скршено внатре во куќата.

3. Отровот бил во мразот, и додека Ана го испила пијалокот веднаш, мразот немал време да се стопи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести