10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Мицкоски го смести и Груевски во скутот на Заев

Миленко Неделковски, кој важи како прво новинарско перо на Мицкоски и близок пријател на Орце Камчев вчера ја отвори темата со блокираните сметки на ВМРО-ДПМНЕ заради неплатени долгови за рамки на сликите кои ги красат ѕидовите на партијата.
Во својот пост, новинарот Неделковски како директен виновник го посочи претходниот Претседател Никола Груевски.
„Како на маџарски се вика чувството кога си ја оставил партијата со неплатена фактура, значи со долг, за рамки за слики ? Па заради факинг рамки сега партијата е со блокирана сметка ! Мораше ли рамки од кај татко му на Ранко Цветковиќ да нарачаш за да ја видиш ГОЛЕМАТА СЛИКА?!“, напиша на својот фејсбук профил Неделковски.

Во текот на денот повеќе медиуми вчера пишуваа на темата, по што следеа и партиски рафали. СДСМ го обвини Мицкоски дека е неспособен да се грижи за партиските финансии и заради тоа тие сметаат дека тој не може да ја води државата.
ВМРО-ДПМНЕ врати со препознатливиот вординг на Мицкоски.
„За долговите ги повикуваме да ги прашаат тие што му седат во скутот на Заев и работат за него со цел спас на неговата фотелја. Воедно да го прашаат и за Кацарска судството и Русковска обвинителството за притисоците и уцените што ги вршат врз ВМРО-ДПМНЕ. Но залудно, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа политика на свиткана кичма и компромиси со криминали не правиме“, соопштија од опозицијата
Со оглед на тоа што Неделковски претходно го посочи Груевски како виновник, не е тешко да се претпостави на кого мисли Мицкоски дека треба да биде прашан за сликите, а сега одработувал за него.

Мицскоски е обземен со „слуги и скутови“

Цели три години откако е прв човек во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е опседнат со скутот на Заев. Таму постојано ги седнува сите кои не му се допаѓаат. Втора опсесија му се слугите. Ако некој не е седнат во скутот на Заев тогаш по автоматизам тој стои за да му служи.
Ваквата „ретро“ реторика освен што служи за потсмев, Мицкоки го носи од пораз во пораз.
Ретки се оние кои досега Мицкоски не ги прогласи за слуги. Меѓу првите беше неговиот актуелен соработник Александар Пандов кој го заслужи епитетот кога повикуваше на бојкот за Претседателските избори минатата година.

Потоа ја информираше јавноста дека Бојан Маричиќ и Зоран Верушевски седнале во скутот на Заев.

По урнек на Мицкоски и неговите сопартијци почнаа да седнуваат луѓе во скутот на Заев. Поранешниот член на Управниот одбор на Т-Мобиле , Мане Јаковлески таму го смести Љубчо Георгиевски.

Јанушев како генерален секретар исто прогласуваше слуги, кои според него сакале да и наштетат на партијата.

Мицкоски го прошири списокот на слуги со судии и обвинители кои претходно биле избрани, но сега решиле да седнат во скутот на Заев па затоа власта одлучила да не ги реизбира. Затоа Мицкоски им се закани дека сите тие ќе завршат како Катица Јанева.

На списокот на слуги потоа беа додадени сите кои побарале одговорност и смена на Мицкоски.

Некои и беа тргнати од списокот без посебно образложение.

Потоа слугите беа виновни и за нападот врз вториот негов медиумски гуру Љупчо Палевски.

Потсвеста е многу чудна и неблагодарно е да се нагаѓа која е причината за опседнатоста на Мицкоски со слуги и скутови. Тоа што е лесно да се заклучи е дека Заев може непречено да владее се додека го имам Мицкоски во скут.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести