1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

МИЦКОСКИ ЖИВЕЕ ВО ФИЛМ – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ цитира измислени ликови наместо револуционери (видео)

„Ако мислите дека измисливте, пронајдовте или подржавте квинслинг или квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете, ниту тој квинслинг, ниту оваа квинслиншка валда од нашата колективна меморија и од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, на Хаџи Николов, на Поп Арсов затоа што тие се бореа за нова современа македонска држава“, рече Мицкоски во обраќањето во саботата кога жестоко ги нападна бугарските власти дека погрешиле доколку мислеле дека Зоран Заев може да им ја одработи агендата.

Иако изгледа чудно Мицкоски да го брани Заев дека практично бугарите преку него не може да го остварат посакуваното, уште почудно е тоа што Мицкоски како револуционери наведува ликови кои воопшто не биле дел од организацијата.
Сите слушнале за Даме, Гоце, Питу, Поп Арсов и Хаџи Николов, но никој не слушнал за Хаџи Арсов!
Како му е името на овој, според Мицкоски, заслужен деец на ВМРО ? Дали тој постои и зошто го нема во учебниците и историските книги ? Кој го криел и зошто ?
Се обидовме да провериме дали евентуално Мицкоски не ја познава историјата или намерно лаже, но ни посочија дека е можно да го наведува ликот кој што во српската серија „Сенки над Балканот“ го глуми Тони Михајловски.
Имено , Михајловски во серијата мајсторски ја плете улогата на Дамјан Хаџи Арсов.

Според пишувањата на српските медиуми , Дамјан Хаџи Арсов, ликот кој што го глуми Тони Михајловски е базиран на ликот на Иван Ванчо Михајлов.
Српските медиуми, кои го карактеризираат како „најкрвавите раце во кралството“, пишуваат дека Иван – Ванчо Михајлов Гаврилов бил револуционер, активист на националистичкото движење во Македонија, долгогодишен лидер на ВМРО (Внатрешна македонска револуционерна организација), писател и последната голема фигура во историјата на македонското ослободително движење.

Саботата беше лош ден за самопромоција на Мицкоски. Своето обраќање тој го започна со цитирање на Славко Јаневски кој беше лустриран во процесот кој што го отвори ВМРО-ДПМНЕ. Дел од медиумите изразија чудење за идеолошкото лутање на Мицкоски. Дали тој ги рехабилитира лустираните и планира да им се извини и да ги амнестира за нивната ајктивност или повторно не бил запознаен со процесите па само сакал да се истакне ? Одговорот на ова прашање го знае само тој, но јавноста очекува од него одговор дали тој стои или не зад процесот на лустрација на лицата соработници на тајните служби.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести