12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ТРАМП ВО ИНТЕРВЈУ ЗА “ФОКС ЊУЗ” : ИЗБОРИТЕ БЕА ЦЕЛОСНО НАМЕСТЕНИ, МОРА ДА ДЕЛУВАМЕ БРЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју во живо за „Фокс Бизнис Њуз“, при што ги повтори обвинувања за изборни измами.

Во телефонскиот разговор, во траење од околу 45 минути, Трамп и вели на водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо, дека изборите биле наместени и „целосна измама“, но дека судиите не сакале да се мешаат.

Трамп го искористи интервјуто за да ги повтори обвинувањата за широко распространета изборна измама, што беа отфрлени од голем број судии.

Сепак, Трамп изрази сомнеж дали Врховниот суд би сакал да разгледа жалба за кој било случај што го застапува неговиот тим.

Треба да дејствуваме многу брзо – изјави Трамп, но не даде датум до кога ќе ги смета своите опции исцрпени.

Трамп го даде интервјуто откако републиканскиот сенатор Рој Блант, претседател на конгресниот комитет за инаугурација, изјави дека очекува на 20 јануари новоизбраниот претседател на демократите Џо Бајден да положи заклетва за нов претседател.

Ние работиме со администрацијата на Бајден, администрација што е најверојатно одговорна и за транзицијата и за инаугурацијата – изјави Блант, гувернер на Мисури, за Си-Ен-Ен.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести