8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СТРАШНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Ќе има нова ПАНДЕМИЈА, ќе убие десетици милиони луѓе

Бил Гејтс, милијардер, основач на „Мајкрософт“ и филантроп, ги сподели своите размислувања за иднината на глобалните пандемии во својот подкаст „Бил Гејтс и Рашид Џонс поставуваат големи прашања“.

Тој веќе предупреди дека може да се случи пандемија како ширење на вирусот корона, и сега ја постави својата визија за светот по короната.

– Се надевам дека тоа ќе се случи за 20 години, но мора да претпоставиме дека може да се случи за 3 години … Постои разумна веројатност светот да се соочи со нешто слично во следните 10 или 15 години – процени Гејтс.

Медицинскиот напредок во последните неколку недели даде надеж дека е можно крај на пандемијата на короната, бидејќи голем број фармацевтски компании забележаа успешни испитувања на вакцини. Но, според Гејтс, елиминацијата на вирусот не мора да доведе до враќање во живот како што беше пред короната.

Тој посочи на зголемената практика на работа од дома, бидејќи вработените и работодавците беа принудени да се прилагодат на ограничувањата на социјалното исклучување.

– Моето предвидување би било дека повеќе од 50 проценти од службените патувања и над 30 проценти од деновите во канцеларијата ќе исчезнат – рече тој за трајните ефекти на пандемијата на вирусот корона врз работните места.

Пандемијата на вирусот корона ги изненади светските лидери, но не и Гејтс, кој со години зборуваше за таква закана. Во интервју за ТЕД во 2015 година, Гејтс предупреди дека САД и другите земји не се подготвени за пандемија.

– Ако нешто убие над 10 милиони луѓе во следните неколку децении, тоа најверојатно ќе биде многу заразен вирус, а не војна. Не проектили, туку микроби – предупреди тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести