2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НОВИ 30 ДЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА, побара ЦУК

Групата за процена во Центарот за управување со кризи бара продолжување на кризната состојба во државата за нови 30 дена.

Со денешната втора седница на Групата за процена раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.

– Беше оформен предлог до Управачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да достави предлог до Собранието на Република С. Македонија за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на потоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, a можниот датум треба да биде деновите потврден, соопшти ЦУК.

Истовремено, како што се наведуваво соопштението, институциите во Системот за управување со кризи продолжуваат со активностите согласно Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест, а согласно планот за координирано дејствување,  донесен на Втората седница на Главниот Штаб за управување со кризи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести