9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЗГОЛЕМЕН Е БРОЈОТ НА ОБИДИ ЗА САМОУБИСТВО, вели д-р Беќаровски

Во последните месеци се зголемени обидите за самоубиство, информира д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во гостување на ТВ24.

Состојбата во моментов е алармантна, кај голем дел од персоналот се јавија знаци, околу 20 отсто се зафатени од болеста. Од 16 лекари, 4 лекари се позитивни, слично е и со сестрите. Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30 отсто. Психички полабилни лица овој притисок не можат да го издржат. Секој ден има напади на медицискиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба. Нови симптоми на ковид-19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваа компликации од вирусов, тој ги зафаќа сите органи – вели д-р Беќаровски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести