14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВО ПАРИЗ КОНЕЧНО МИР – Макрон го повлече спорниот закон

Владеечката партија на францускиот претседател Емануел Макрон денес се повлекол од плановите за за сузбивање на слободно делење фотографии кои ги идентификуваат полицајците, откако повеќе од 100 илјади луѓе учествувале на викенд собири за слобода на говор и против полициското насилство.

“Ќе проложиме нова верзија на членот 24 и ќе биде доставена нова верзија“, рекол Кристоф Кастање, шеф на партијата ЛаРем во парламентот, на конференција за новинари, пренесува Ројтерс наведува Танјуг.

“Признаваме дека постои сонмевање, и некои луѓе сметаат дека правото на информирање е загрозено. Предлог законот не е добро разбран, имало сомневање и кај новинарите, Французи, па дури и кај нашето мнозинство. Поради тоа е неопходно тоа да се разјасни“, рекол Кастање.

Спорниот член предвидувал, кривично дело, кое ќе се казнува со една година затвор и парична казна од 45.000 евра, од секое објавено “лице или било која друга идентификациска карактеристика“ на полицаец кој нанесува физикча или психолошка штета.

Во саботата повеќе од 133.000 луѓе, вклучувајќи 46.000 само во Париз, демонстрирале против нацрт законот за безбедност, марширајќи за слобода на печатот и против полициско насилство.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести