Гитаристот на рок групата „Рибља чорба“, Мирослав Миша Алексиќ почина на 67-годишна возраст.
Тој се бореше со коронавирусот, а неговата состојба се влошила и бил пренесен на апарати за дишење.
Неговата ќерка Мина Алексиќ неодамна објави емотивен статус на социјалната мрежа Фејсбук.
– Мој Миша заболе од ковид и веќе е на апарати за дишење на 3-ти ден. Секој час е негова борба за живот, како и моја и на мајка ми за него. Луѓето што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рокот овие денови се со нас и веруваат дека ќе го победи Ковид. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седевме со семејството на ручек и се смеевме како не сакаме да носиме маски и да зборуваме за тоа каде ќе се забавуваме или ручаме. Сега сум со двајцата родители во болницата. Преплашена ама верувам храбро во среќа и добра енергија. Ве молам зарадди Мша да праќаме најсилна енергија до универзумот што побзо да го видиме на сцена со гитара! , напиша Мина Алексиќ покрај заедничката фотографија со нејзиниот татко
