19.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Србија и Црна Гора во дипломатска ВОЈНА – СИ ГИ ПРОТЕРАА АМБАСАДОРИТЕ

Министерството за надворешни работи на Србија вечерва соопшти дека, по повод протерувањето на амбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, постапиле на реципрочен начин.

Според дипломатската нота испратена од Министерството за надворешни работи на Србија до Министерството за надворешни работи на Црна Гора, црногорскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен и за персона нон грата.

Се наведува дека, врз основа на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.

„Амбасадорот Милошевиќ е должен да ја напушти територијата на Република Србија во следните 72 часа“, се вели во нотата.

Се додава дека МСП на Србија ја искористи приликата да ги повтори изразите на својата посебна почит кон Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести