10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ПЕТ ПРАВИЛА ЗА СИГУРЕН УСПЕХ

Не е лесно да се дојде до милиони и милијарди долари на сметката, но освен знаење, вештини и среќа, треба да се „поклопат“ и некои други работи. На пример, каков тип на личност сте.

Покрај тоа, секогаш можете да започнете одново и да прифатите навики кои водат до успех. Ако верувате во Бил Гејтс, Џеф Безос, Илон Маск, Ворен Бафет или Опра Винфри, со овие 5 „трикови“ можете да бидете на врвот на светот.

1. За почеток, никогаш не ги намалувајте критериумите и секогаш зголемувајте ги очекувањата. Вие секогаш мора да бидете вклучени во процесот, иновативни, претприемнички. Така мисли Безос – тој секогаш гледа напред, барем три години. Во една прилика, тој рече дека едно лице треба постојано да има апетит да направи нешто подобро.

2. Не дозволувајте песимистите да ве влечат назад. Ова е златно правило ако сакате да успеете, бидејќи некое лице лесно се двоуми кога неговите идеи ќе бидат одбиени неколку пати. Постои верување дека скоро сите понекогаш помислуваат на „идеја вредна милион долари“, но малку луѓе ја применуваат во пракса.

Сара Блејкели, основач на компанијата „ Spanx“, вели дека во почетокот и се смееле и цинично и рекле: „Ако е толку добра идејата, како никој досега не ја реализирал?“.

3. Исто така е важно да работите на вашите комуникациски вештини во јавноста, да вежбате јавно обраќање и говорење. Никој не е „роден совршен“, исто како што учите да возите автомобил, така и вие можете да научите да настапувате пред луѓето.

По дипломирањето, Бафет се запиша на курс за јавно говорење, бидејќи знаел дека мора да го надмине стравот ако сака да биде успешен.

Во една прилика, тој рече: На ѕидот во канцеларија немам закачени дипломи од два факултети, но имам диплома од овој курс кој чини 100 долари, а ми го даде најважното признание.

4. Секој што упорно ги одложува работите и ги остава за „утре“, има малку шанси да успее во бизнисот. Иако е важно да се најде рамнотежа во животот, обично најтешките предизвици нè водат да постигнеме големи цели. Илон Маск вели дека е важно секогаш да се биде фокусиран, а оние што го познаваат велат дека – „кога нешто ќе фати, оди до крај“.

5. Читање, читање и само читање. Во денешниот свет, оваа навика е прилично запоставена од многумина, особено од помладата генерација, но успешните бизнисмени велат дека не се кријат сите одговори во Гугл или социјалните мрежи. Опра Винфри смета дека „ниту една активност не може да го замени искуството да читате добра книга“.

Освен неа, во моќта на книгите верува и основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Ворен Бафет поминува пет до шест часа на ден читајќи весници и извештаи на компаниите. Па можеби е време да го исклучите телевизорот и да го оставите вашиот мобилен телефон настрана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести