За време на пандемијата на коронарниот вирус, Џенифер Лопез реши малку да ги израдува своите бројни обожаватели ширум светот. Имено, латино дивата објави песна наречена „In The Morning“, која веќе стана хит преку ноќ.
Џеј Ло на својот YouTube канал објави видео со аудио и лирика, кое содржи нејзини разголени фотографии, кои ги воодушевија и мажите и жените, бидејќи музичката sвезда во шестата деценија изгледа фантастично.
Судејќи според реакциите на обожавателите на YouTube, едно е јасно, а тоа е дека Џенифер Лопез ги маѓепса со нова песна.
„Направи ремек-дело“, “Џеј Ло има 51 година. Таа сè уште изгледа убаво и младо”, „Најдобрата заводничка песна“, беа само дел од коментарите.
