20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ТРАМП СЕ НАЛУТИ И ЖЕСТОКО МУ ОДГОВОРИ НА НОВИНАРОТ: “Јас сум претседател на Америка!”

Новинарот Џеф Мејсон го испровоцира Доналд Трамп во разговор додека го притискаше со прашањето дали ќе го признае Џо Бајден за претседател.

  • Ќе биде тешко да се признае неговата победа, бидејќи имаше огромна измама. Ќе видиме колку брзо ќе се одвива промената на администрацијата, бидејќи времето не е на наша страна. Сè друго е. Факти, огромна измама што се случи. Нешто такво не смее да се случи во ваква земја , рече Трамп и продолжи да зборува, додека новинарот го прекинувал.

Во еден момент, Трамп изгуби нерви и му се обрати на новинарот со возвишен тон: „Јас сум претседател на Америка, никогаш повеќе не разговарај со претседателот така“, по што побара прашања од друг новинар.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести