12.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

ПЕДОФИЛ КАЗНЕТ СО 146 КАМШИЦИ

Индонезиски полицаец му нанел болни 146 удари со камшик на млад човек (19) обвинет за силување дете во провинцијата Ацех.

Лицето се превртувало од болка, ги молело полицајците да застанат, но тие немаа милост. Во еден момент, тој колабирал од болка, па полицијата им дозволила на лекарите да го прегледаат и да ги санираат повредите, по што продолжило камшикувањето.

Тој беше уапсен пред неколку месеци под обвинение за злоупотреба и силување на дете чија возраст не е откриена. Казната од 146 удари со камшик е една од најголемите и е резервирана за најтешки прекршувања според законот на Шеријатот што важат во претежно муслиманската провинција Ацех.

Јавните камшикувања се атракција која привлекува голема публика, а покрај младиот маж, камшикувани се и 40-годишник и 21-годишник за сексуални односи со малолетници, пренесува Дејли меил.

Според шеријатскиот закон, камшикувањето е казна за коцкање, прељуба, пијанство, предбрачни и хомосексуални односи, а бидејќи ваквата форма на казна е крајно сурова, организациите за човекови права долго време се бори за нејзино укинување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести