4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВИСТИНСКА РЕТКОСТ: Севернокорејски гимнастичар успешно прескокна 3 метарски ѕид и избега во Јужна Кореја

Човек кој избегал од Северна Кореја на југ преку демилитаризирана зона вели дека е поранешен гимнастичар кој скокнал три метри висока ограда благодарение на неговите атлетски способности.

Еден човек на дваесетина години наводно морал да скокне, за да им докаже на службените лица дека ја зборува вистината, јавуваат локалните медиуми.

Демилитаризираната зона се протега од брег до брег на Корејскиот полуостров. Ширина е околу 4 километри и има претежно мини и жичани огради, како и чувари кои патролираат и на југ и на север.

„Sky News“ пишува дека овој човек најпрво бил забележан на 2 ноември на северната страна, а потоа бил виден како се качува на жица, а следниот ден бил на јужната страна.

Тој е заробен и во моментот се наоѓа во Јужна Кореја, тврдејќи дека е цивил.

Истрагата е во тек бидејќи не се вклучил аларм додека младиот човек ја преминувал зоната.

Патем, повеќе од 32.000 луѓе ја напуштија Северна Кореја од воспоставувањето на режимот во 1948 година.

Најчесто бегство е Кина, преку северната граница, додека во Јужна Кореја претежно бегаат со брод. Патот низ демилитаризираната зона е реткост.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести