2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ГАЗДА НАПРАВИ ХАОС ВО МАЈАМИ – ИМ ЗАБРАНИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ДА НОСАТ МАСКИ

Семејството на еден човек (70) кој почина од компликации поради вирусот корона ќе ја тужи продавницата за неговата смрт, бидејќи компанијата не им дозволи на своите работници да носат маски.

Херхардо Гутиерез, кој работеше на деликатес во Мајами, почина на 28 април од компликации предизвикани од COVID-19, се наведува во тужбата што беше поднесена до судот во Мајами.

За Гутиерез се вели дека се разболел затоа што работел со колега кој претходно прележал короната.

Мајкл Левин, адвокат што ги застапува четирите деца на Гутиерез, кои ја поднесоа тужбата, рече дека смртта „апсолутно можела да биде спречена“.

Компанијата каде работеше Гитујерес им забрани на работниците да носат маски и ракавици, и покрај апелите на здравствените работници да се заштитат од вирусот корона.

Во тужбата се вели и дека во продавницата има многу работници, што го оневозможува одржувањето на социјалната дистанца.

Еден од работниците изјавил дека им било кажано „или работете без маска или одете си дома“, се додава во тужбата, додека другиот тврди дека на вработените не им било дозволено да носат маски, бидејќи им било кажано дека тоа ќе создаде паника кај клиентите.

Несреќниот Гутиерез доби корона на крајот на март, по што бил примен во болницата на 10 април со висока температура и кашлица, а починал 18 дена подоцна.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести