11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Во моментов 21.000 активни случаи во Македонија и 1.600 починати– ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ПО ОПШТИНИ

Министерството за здравство вчера регистрираше 1288 нови случаи на ковид-19 и 1078 оздравени пациенти.

Вчерашниот ден беа забележани и голем број починати, вкупно 39. Од починатите дури 16 се од Скопје (79г., 80 г., 54 г., 70 г., 68 г., 54 г., 68 г., 82 г., 84 г., 68 г., 76 г., 75 г., 71 г., 60 г., 73 г., 56 г.), двајца од Куманово (70г. и 62 г.), еден пациент од Дебар (87г.), еден од Штип (71г.), тројца од Прилеп (86г., 76 г., 68 г.), четири пациенти од Тетово (53г., 72 г., 67 г., 66 г.), двајца од Струга (68г., 69 г), двајца од Велес (67г., 78 г.), двајца од Охрид (68г., 73 г.), еден пациент од Струмица (72г.), еден од Демир Хисар (65г.), еден од Берово (79г.), двајца од Кичево (60г., 41 г.) и еден пациент од Неготино (40г.).

Според последните податоци од Министерството за здравство, после Скопје, најлошо е во Прилеп.

Од 1288 новозаразени регистрирани во претходното деноноќие, од Прилеп се 78, а од Скопје – 570. Во Тетово се активни 965, Куманово-939, Гостивар-862, Битола-808, Велес-711. Во другите градови се под 600 заразени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57451, бројката на оздравени пациенти е 34970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 25228, активни 10130

• Куманово 3541, активни 939

• Дебар 438, активни 87

• Штип 2510, активни 526

• Прилеп 2766, активни 1021

• Тетово 3638, активни 965

• Струга 1334, активни 406

• Велес 1812, активни 711

• Битола 1813, активни 808

• Охрид 1460, активни 597

• Кавадарци 1109, активни 432

• Гостивар 2296, активни 862

• Гевгелија 693, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1598, активни 580

• Крива Паланка 402, активни 120

• Радовиш 407, активни 125

• Крушево 116, активни 70

• Кочани 1187, активни 307

• Пробиштип 336, активни 74

• Демир Хисар 185, активни 83

• Македонски Брод 151, активни 34

• Пехчево 95, активни 25

• Берово 339, активни 92

• Валандово 196, активни 71

• Виница 359, активни 174

• Делчево 415, активни 184 (114 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 148, активни 63

• Свети Николе 770, активни 212

• Кичево 1178, активни 492

• Ресен 424, активни 173

• Неготино 507, активни 289 (56 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје

• Чаир – 639

• Гази Баба – 1490

• Аеродром -1474

• Карпош – 1186

• Центар – 1173

• Кисела Вода – 1245

• Ѓорче Петров – 874

• Бутел – 584

• Шуто Оризари – 206

• Студеничани – 52

• Сарај – 160

• Арачиново -31

• Илинден – 251

• Сопиште – 66

• Чучер Сандево – 99

• Петровец –128

• Зелениково -83

• Странец – 175

• Нераспределен- 214

За големиот број починати, особено за млади лица, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонредни инспекциски надзори. Во тек се девет такви надзори

Директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова Бухова вчера посочи дека од почетокот на пандемијата, па до сега ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора.

Таа рече дека во последните денови или недели немаат добиено претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите.

– Вонредни инспекциски андзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече вчера Бухова

Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на актуелните случувања, е сè уште во тек.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во земјава вкупно хоспитализирани се 1297 пациенти. Во претходното деноноќие во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во главниот град 486 лица. Од хоспитализираните голем дел се на кислородна поддршка. Најмногу пациенти во Скопје се лекуваат во ГОБ „8 Септември“-108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти.

Во скопските инфективни оддели вчера утрото имаше 20-тина слободни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.

И покрај големиот број заразени и починати, министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека тоа не се одразува во училиштата, каде, како што рече, нема ширење на вирусот и затоа таа смета дека предлогот на опозицијата за предвремен распуст е неаргументиран.

Првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021, рече Царовска, која информира дека бројот на заразени ученици и наставници во наставата со физичко присуство во целата држава е помал од 1 процент.

Коронакризата, покрај другите негативности, донесе и зголемен бројот на случаи на семејно насилство, според резултатите од Клиниката за психијатрија.

– Очигледно е дека стресот го прави своето, дека ова што треба да сме на некој начин на физичка дистанца, што е сосем спротивно на тоа што е еволуцијата на човештвото нè учи, а тоа е заедништвото, и изолацијата за време на долгите карантин, според резултатите од Клиниката за психијатрија, резултираа со зголемен број случаи на семејно насилство, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените.

Колегите се силно посветени на ова прашање, ги решаваат проблемите и ги зголемуваат тимовите кои излегуваат во пресрет на жртвите на насилство, потенцираше Филипче и додаде дека некаде околу 30 отсто е зголемувањето во однос на истиот период во 2019 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести