7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Испил едно пиво и оставил 3000 ЕВРА БАКШИШ

Клиент во ресторан во Кливленд остави бакшиш од три илјади долари, откако испил едно пиво. Тоа се случи во пресрет на затворањето на ресторанот поради пандемијата на коронавирусите.

Според сопственикот на ресторанот Брендан Ринг, човекот побарал пиво што чинело седум долари.

Како што напиша на Facebook, гостинот му посакал сè најдобро и рече дека им оставил бакшиш на неговите четворица работници, пренесува порталот „Klix“.

Додека гостинот излегол од ресторанот, Ринг сфатил дека добил „големи три илјади долари“.

  • Трчав по него и тој ми рече дека не е грешка и дека ќе се видиме откако ќе се отвори ресторанот, рече тој.

Ринг изјави дека не сака да го објави името на човекот затоа што верува дека и тој не би го посакал тоа. Тој истакна дека тој и неговите работници се благодарни за овој „неверојатно добар гест“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести