12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

УАПСЕН E НАПАЃАЧОТ кој удри со возило во оградата на канцеларијата на МЕРКЕЛ (ВИДЕО)

Утрово непознато лице се забило со својот автомобил во оградата пред канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел во Берлин.

Деталите за инцидентот сè уште не се познати, а нема податоци за повредените.

Според полицијата, мажот кој управувал со возилото веднаш бил приведен.

Според странските медиуми на автомобилот се испишани пораките „Стоп за глобализацијата“ и „Проклети убијци на деца и стари лица“.

Во моментов вооружени припадници на полицијата и полициски кучиња се пред седиштето на германската канцеларка.

Меркел требаше да биде домаќин на видео конференција на тема продолжување и заострување на епидемиолошките мерки и понатамошните чекори за борба против пандемијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести