7.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

СУПЕРМОДЕЛОТ ОЛИВИЈА КУЛПО СО ТРОГАТЕЛНА ПОРАКА ДО СИТЕ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ: Со години ми даваа погрешна дијагноза..

Супермоделот, поранешна Мис на универзумот и една од најубавите жени во светот, Оливија Кулпо, ги шокираше обожавателите на социјалните мрежи кога со слика од болничкиот кревет им рече дека е подложена на тешка операција.

Покрај фотографиите, таа објасни дека била подложена на ендометриоза и дека со својата објава сака да ги предупреди другите жени за опасноста од тоа заболување.

  • Јас вчера се оперирав за ендометриоза. Ова не е многу гламурозен пост, но чувствував дека треба да го споделам ова, со цел да создадам свесност за оваа болест во јавноста, започна Оливија и објасни за каква болест станува збор:
  • Ендометриозата е состојба во која ткивото од обвивката на матката одлучува да расте во други случајни делови од вашето тело, предизвикувајќи болка. Може да се меша со плодноста и целокупното здравје и да влијае на тоа како се чувствува човекот. Згора на сè, тоа е неверојатно болно и скоро е невозможно да се види со ултразвук (освен ако немаш ендометриом на јајниците – а јас го имав тоа). Бев во агонија со години кога добив менструација и безброј пати лекарите ми даваа погрешна дијагноза.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести