Илон Маск тврди дека СТАНАЛ МИЛИОНЕР БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВИДЕО ИГРИТЕ
Илон Маск, претприемач, инженер основач на познатите компании SpaceX и Tesla, изјави дека неговата љубов кон програмирањето доаѓа од видео игрите.
49-годишниот бизнисмен, милијардер и еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека неговиот афинитет кон технологијата, компјутерите и програмирањето произлегува од неговата страст кон игрите.
„Игрите ми дадоа многу инспирација“, рече Маск. „Заради нив, сакав да научам да програмирам и да правам свои игри.
Неговата љубов кон игрите започнала во хотел во САД, кога на 10-годишна возраст го открил шармот на аркадните игри. Ова искуство го инспирирало да започне со програмирање. Така, на само 12 години ја продал својата прва компјутерска игра Blaster за 500 долари.
Оттогаш тој го основал Zip 2, кој го продал на Компак за 307 милиони долари. Потоа Маск ја основал X.com, која подоцна стана позната компанија PayPal. eBay го купи PayPal во октомври 2002 година за 1,5 милијарди долари.
Интересно е да се знае дека толку успешна личност зборува за позитивното влијание на видео игрите.
