6 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

ЕВЕ ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ ПРЕД ПЦР ТЕСТ ЗА КОВИД-19 – може да влијае на резултатот

Шефот на одделението за инфективни болести на рускиот Универзитет РУДН Галина Кожевникова изјавила дека три часа пред ПЦР тестирањето не би требало да пиете течности, да ги миете забите или да пушите. 

Докторката Татјана Романенко нагласува дека пред тестирањето не треба ниту да се јаде. Исто така, пред тестирањето не треба да се испира устата со течности за орална хигиена. Освен тоа, таа тврди и дека тестот нема да биде точен ако личноста го издува носот пред да и извадат брис од него. 

Докторот по биолошки науки, професор на Московскиот државен универзитет Алексеј Аграновски верува дека на конечниот исход на тестот може да влијае и начин на кој лабораторијата се однесува со самите примероци. 

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести