13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: Можно е сиромашните да останат без вакцини за Ковид-19

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат коронавирус вакцини поради стампедото што ќе произлезе од овие лекови, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус и итно побара дополнителни средства.

Тој рече дека на глобалната програма за дистрибуција на вакцини и требаат уште 4,3 милијарди долари.

Неколку десетици земји го потпишаа планот КОВАКС, кој беше воспоставен од СЗО и алијансата за вакцини ГАВИ, така што вакцините можат да се даваат на земјите кои немаат пари да ги купат.

Досега се собрани пет милијарди долари, вклучително и над 600 милиони долари дадени од Германија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести