5.8 C
Skopje
петок, април 26, 2024

Неготинец кој студира медицина во Русија , доброволно ќе волонтира во Здравствениот дом во Неготино

Неготинец кој студира медицина во Русија се пријави доброволно да волонтира во Здравствениот дом во Неготино, информираа денеска од таа јавна здравствена установа.

– ЈЗУ Здравствениот дом во Неготино изразува особено голема благодарност до нашиот колега Ване Цветковски, студент од шеста година на Медицинскиот факултет во Санкт Петербург, Русија, кој се пријави доброволно да волонтира и да помага на своите колеги во лекувањето на пациентите во оваа тешка пандемија. Ова е уште еден доказ дека во оваа битка не сме сами и е уште поголем мотив дека мора да издржиме сите заедно. Ти благодариме млад колега. Твоето присуство меѓу нас ни го оттргна заморот и ни даде сила да продолжиме со уште поголем ентузијазам. Вие драги наши сограѓани само почитувајте ги препораките, напишаа од Здравствениот дом на Фејсбук

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести