Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повеќе добива кога Мицкоски молчи ! Нервозен и без ставови на интервју во Сител

Доколку сакал да го промовира новото марамче во џебот од палтото или пак сакото било ново па сакал да види како му стои на телевизија, тогаш гостувањето на Сител и има некоја логика. Доколку првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ дошол за да соопшти нешто ново за јавноста, тогаш залудно загубил половина час и за себе и за новинарите и снимателите и за сите што го гледаат дневникот на Сител.
Ова е впечатокот од гостувањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кај новинарката Славица Арсова. Грчот на неговото лице, нервозните реплики, бегањето од кратки и јасни одговори, оставаат впечаток на човек кој е несигурен во себе, чија совест се повеќе пробива на површина.
Дали заради неговата меѓународна изолација, дали заради неговата дефакторизираност или се погласните информации дека неговата фотеља се повеќе се клати, Мицкоски не успеа да ја убеди јавноста дека знае што сака, зошто го сака тоа и што е јавниот интерес во неговата намера.
Мицкоски го уценувале, но не бил уценет ?1?
Комисијата не чинела ама освен забелешката за учество на педијатри нема аргумент кој би требало да влезе и зошто ?
Дали Мицкоски заради добро на граѓаните , среде здравствено-економска криза ќе се откаже од милионите наменети за него и ВМРО-ДПМНЕ ?
Доколку Македонија е виновник за бугарското вето, зошто тогаш целата меѓународна заедница, на чело со нашиот стратешки партнер САД ја осудија блокадата на Софија ?
Доколку се зголемува притисокот врз Борисов, кој е интересот на Мицкоски да оди контра и да го врти вниманието кон Заев прогласувајќи го за виновник за ветото ?
Многу прашања, а ниту еден одговор или став.
Веројатно најдобриот одговор го даде американската амбасадорка на Телма, потенцирајќи дека „Првата работа што ја бараат граѓаните се решенија. Многу лесно е да се укаже на предизвиците, да се критикува, но она што е тешко е да се работи заеднички на ефективни решенија. Се надеваме дека опозицијата, но и сите политички партии, сите организации, ќе застанат зад овие две цели. Прво за да се заштити нивното здравје и здравјето на граѓаните и второ да инвестираат во позитивна иднина која доаѓа со реформската агенда и напредокот на евро-атлантскиот пат“.

Мицкоски предмет на потсмев на социјалните мрежи

Нервозниот Мицкоски го забележаа и граѓаните кои реагираа на социјалните мрежи. “Овој го заборавил мозокот дома”, “Овој човек е како изгубен во вселената”, “Оди бе шетај”, “Овој стварно забеган му нема спас, буди се ДПМНЕ”, “Жално колку “болни” политичари имаме”, “Ќе даваш ли пари од твоите Хидроцентрали”, “А, не кажа како ти би се справил, торко еден” се само дел од реакциите на граѓаните, некои со потсмев, но и дел револтирани од однесувањето на Мицкоски пишуваа на социјалните мрежи.

Со реакција се јави и Ванчо Шехтански, Претседател на ТМРО и поранешен коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Пред три месеца, трчаше како бесен, и тогаш имаше Корона, ама трчавте да ги легитимирате Преспанскиот договорви Северна, иако изборите беа нерегуларни. Така да сега или поддржи ја опозицијата во Штип или ќе бојкотирате бо корист на Сдс. – напиша Шехтански.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...