21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еве зашто бројот 17, а не 13 е МАЛЕР ВО ИТАЛИЈА

Бројот 13 не е насекаде во светот „на тапет“ како најнесреќен.

Во Италија, луѓето мислат дека бројот 17 носи лоша среќа. Суеверието оди дотаму што АлИталија во еден момент реши да се откаже редниот број 17 во своите авиони, како и тоа дека во многу хотели нема соба со број 17.

Ова народно верување датира уште од антички Рим кога на спомениците било напишано VIXI. „Викси“ на латински значи „Јас живеев“, што е во минато време, па сега сум мртов, ако бројот се толкува со зборови. Бидејќи римскиот број XVII е анаграм на зборот VIXI, се сметало дека овој број се повикува на смрт и дека е подобро да се избегне секогаш кога е можно и да се обиде да не се најде на пат.

Дали е само уште едно народно верување или има некаква „врска“ помеѓу бројот 17 и повикувањето на смрт, за граѓаните на Италија не е важно. Тие ќе се обидат да избегнат сè што е поврзано со оваа бројка, без исклучок.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести