10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

СРАМОТА: ВО ТЕТОВО ПАЦИЕНТИ КРИЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОЗИТИВНИ – 17 вработени во Итната медицинска помош во ИЗОЛАЦИЈА

17 членови на персоналот за итна медицинска помош во Тетово завршија во изолација, бидејќи дел од пациентите кои побарале домашно лекување, криеле дека се позитивни.

– Во моментов седумнаесет лица од тимот се во изолација, од кои некои излегоа од изолација, а некои се уште во изолација. Најголемиот проблем што го имаме е што повеќето луѓе ги кријат симптомите дома и кога ќе пристигне брзата помош, веќе е доцна. Како амбуланта, во текот на 24 часа имаме приближно 30 интервенции, ако го споредиме ова, во последните три месеци имаме драстично зголемување на бројот. Значи, имаме многу повици, но имаме и многу злоупотреби од оние кои воопшто не кажуваат дека се позитивни, рече Миранда Пајазити, доктор за итни случаи, пренесува Алсат.мк

Главниот проблем на ургентниот центар во Тетово е што истиот треба да служи и за руралните општини затоа што тие немаат систем за итни случаи, поради што има доцнења на терен.

Целиот текст може да го прочитате на АЛСАТ 

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести