Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

МИСТЕРИЈА: Сателитска снимка откри метален штит над пештера на АНТАРКТИК

Некои страствени „аналитичари“ на Google Earth сметаат дека нешто чудно се случува на Антарктикот, пишува „New York Post“

Таканаречениот „Чувар на Земјата“ тврди дека тој забележал отвор за воздух над пештера и „метален штит“ над неа на Google Earth, сето тоа во зоната на забранети летови на ледениот континент.

Еден набљудувач објави видео на YouTube со наслов „Голем отвор од пештера на Антарктикот покриен со железна купола!“

Корисникот на каналот YouTube во клипот проценува дека отворот е широка околу 45 метри, што тој го пресметал врз основа на мерењата со помош на алатката Google Earth. Темниот отвор е личен на металниот штит што изгледа како да има вентилација што оди под земја, наведува овој корисник, додавајќи дека снегот околу „отворот“ е потемен од снегот во околината.

  • Тоа би значело дека топлината се пренесува, понатаму сугерира овој корисник, посочувајќи дека нема вулканска активност во близина.

Видеото има голем број коментари, најмногу за поддршка на теоријата за тајни бази на вонземјани во овој дел на Земјата, но има и неколку кои тврдат дека нема тајна пештера или метален штит и дека тоа е навистина само игра на светлина и сенка.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Забава

Оние кои се опоравуваат од вирусот барем 30 дена мора да се чуваат од голем напор, вели др.Ристиќ. Пациенти кои прележале корона вирус не...