10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

КАКВА ОДМАЗДА : Анџелина Џоли е во врска со другар на Бред Пит?

Холивудската актерка Анџелина Џоли наводно е во врска со актерот Мики Рурк, пишува „New idea“.

Според пишувањата на овој таблод, актерката е уловена како се бакнува со 23 години постариот актер.

Наводно,  таа сака да му се одмазди на поранешниот сопруг Бред Пит, кој неодамна својата веќе бивша девојка Никол Португалски ја однесе во дворецот во кој Анџелина и Бред го кажаа судбоносното „да“.

Мики е постар од неа и, според мислењето на многумина, тој се уништи со пластични операции, па затоа не беше прав избор на Анџелина. Но, бидејќи повеќето актери од нејзината генерација се во брак или се во врска, таа мораше да продолжи понатаму – вели анонимен извор близок на актерката која била сведок на бакнежот.

Иако Мики Рурк не е нејзин тип на човек, таа смета дека е добро за неа да му се одмазди на Бред – рече изворот и потсети дека Бред и Мики се пријатели со години, па оваа вест сигурно ќе го погоди Пит.

Актерката не се огласи по повод овие пишувања.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести