16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ФИЛИПЧЕ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: ОД КЛУЧНА ВАЖНОСТ Е СИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ

-Воспоставениот систем во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира. Дава резултат во поголем број на оздравени пациенти, но и доволен број на слободен кревети. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто да не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата. На состанокот со директорите на повеќе клиники, но и со директорот на ГОБ „8 Септември“ разговаравме за состојбата на пациентите хоспитализирани во ковид одделенијата, бројот на слободни кревети и дали здравствените работници имаат дополнителна потреба од заштитна опрема за работа. Притисокот врз болниците ќе продолжи и во следните месеци. Од клучна важност е сите да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. – напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести